Храна која опушта како рачна масажа

Еве список на седум антистресни самураи кои ќе ви ги опуштат сите мускулни групи во вашето тело!

0
233

Стресното секојдневје влијае на човековото здравје, предизвикува главоболки, стомачни тегоби, зголемено отчукување на срцето и несоница.
Зошто да не се борите со овие негативни последици со храна?

Еве список на седум антистресни самураи кои ќе ви ги опуштат сите мускулни групи во вашето тело!

1. Смуди со банана и кафе

Измешајте смуди од кафе, соја млеко, зрели банани и малку горчливо какао. Оваа комбинација ги зголемува нивоата на серотонин и допамин во организмот, го намалува крвниот притисок и е идеално решение за течен оброк пред да одите на работа.

2. Овесна каша со цимет

Консумирањето на топла овесна каша го стимулира лачењето на серотонин, кој уште се нарекува и хормон на добро расположение. Овесот е полн со диетални влакна кои полека ослободуваат енергија во организмот и ја балансираат количината на шеќер во крвта. Додадете малку цимет во кашата, бидејќи овој зачин ја намалува фрустрираноста и лажица мед – како природен засилувач на имунитетот.

3. Темно чоколадо со бадеми

Јадете црно чоколадо со висок процент на какао и бадеми затоа што е ова моќна комбинација која го намалува стресот, го намалува крвниот притисок, дава енергија и ви помага во борбата против депресијата.

4. јаткасто овошје и семки

Земете комбинација од ф’стаци, бадеми, ореви и семки од тиква за да се снабдите со растителни влакна, антиоксиданти и незаситени масни киселини кои го опуштаат телото од напнатост и го подобруваат расположението. Само внимавајте да не јадете повеќе од неколку парчиња од споменатите плодови бидејќи станува збор за многу калорична храна.

5. Грицкајте морков

Дали сте тип на личност што јаде сè пред вас кога е под стрес? Понекогаш самиот чин на џвакање нешто крцкаво ќе ви помогне во борбата против стресот. Наместо чипс и други нездрави грицки – грицкајте свежи моркови.

6. Чипс од кељ

Направете крцкави чипсови во рерна од свежи листови од кељ и малку маслиново масло. Кељот е супер храна која содржи мноштво хранливи материи кои го зголемуваат имунитетот, ја олеснуваат исхраната и го намалуваат крвниот притисок. Исто така е и одличен извор на каротеноиди, соединение поврзано со оптимистичкото размислување.

7. Напијте се чаша вино

Пиењето мали количини алкохол ќе го намали крвниот притисок и ќе ве релаксира од напнатоста. Виното е полно со флавоноиди и антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат некои болести. Држете се до кратки голтки и една чаша – и така опуштете се од работата на крајот на денот.

Фото: Pexels