Кимчи е корејско јадење направено од ферментирана зелка, кромид, лук, сос од риба и зачини веќе е популарно кај луѓето кои се грижат за здравјето и ги знаат неговите пробиотски карактеристики.
За да го направите дома во треба само чист сад, свеж зеленчук, вода и малку сол, а резултат ќе биде функционална храна каква што приготвуваме веќе со илјадници години.
Состојки:
Главица кинеска зелка
1 морков
1 дајкон
китка млад кромид
Нејодирана сол (розева химелајска сол)
60 г корејски чили прав (gochugaru, може да се замени и со класично чили)
пола лажичка ѓумбир во прав
1 лажица лук во прав
1 лажица рибји сос
1 лажица тостиран сусам
1,5 лажица кафеав шеќер
стерилизирана тегла од 2 литри
газа, ластиче
Приготвување:
Исечете ја зелката по должина на четвртини, користете нож за да го отстраните тврдиот дел на дното на листот и добро исплакнете сè. Ставете ја зелката во длабок сад во кој сте стопиле малку нејодирана сол.
Посипете сол на сите лисја и оставете зелка да отстои неколку часа или преку ноќ. Важно е редовно да се врти во сад со стискање на лисјата за да пушти вода и да омекне.
Кога сте задоволни со нејзината текстура, измијте ги листовите од зелка во ладна вода неколку пати за да ја отстраните преостанатата сол и исцедете ја. Излупете ги дајконот и морковот, измијте го младиот кромид, а потоа исечете ги на тенки стапчиња и ставете ги во садот со зелка.
Во посебен сад, измешајте ги чилито во прав, ѓумбирот и лукот, рибјиот сос, сусамот и кафеавиот шеќер. Истурете ја смесата врз лисјата од зелка и добро измешајте ја содржината на садот за да го покриете со зачините и другиот зеленчук.
Ставете го зеленчукот во теглата. Згмечете го добро во теглата и оставете го да отстои отворено на собна температура еден или два дена, покриен само со газа прикачена со ластиче. После два дена, кимчито веќе може да се јаде, а колку подолго ќе стои и ќе ферментира, толку ќе биде покисело, помеко и повкусно.
Фото: (credit, Marko Miščević)