Утрински сендвич со овошје и таан

Понекогаш сосема случајно можете да си ја најдете утринската комбинација од соништата. Милиброд (може и било каков леб по ваш вкус), таан, овошје, семки од сончоглед...

0
292

Наутро, кога веќе ви е здодеано од овесните каши, пробајте ја оваа комбинација. на парче милиброд, црн или бел леб, по ваш избор и вкус, а веројатно најдобро и најздраво би било со тонус леб, ставете малку таан, тркалца банана, малини или некое друго овошје, поросете со семки од сончоглед и уживајте.

Сендвичот е одличен и многу добро оди со филтер кафе.