Уживање за сите пари

Свежите плодови на модриот патлиџан содржат изобилство на хранливи материи, а малку калории. Освен тоа, сега се и живо џабе и по зелените пазари чинат од 10-20 денари за парче.

0
978

Со модри патлиџани можеме да правиме различни рецепти и да ги консумираме во најразлични варијанти, но нас ни е омилена верзијата без месо.

Се прави според вкусот, па некои ставаат сирење, други кашкавал, но во суштина, полнетите модри патлиџани без месо се сите слични и се прават за половина час.

Прво треба да се измијат убаво и да се пресечат на пола, а потоа се ставаат во загреана рерна и се печат додека не омекнат доволно за да ги згмечите со вилушка и да направите место за полнењето. Не се вади содржината на патлиџанот, туку само се гмечи за да се ослободи простор.

Потоа прелијте маслиново или ладно цедено сончогледово масло и ставете лукче, магдонос, сечкано сирење, црвен домат, оригано или/и кашкавал.

Вратете ги во рерна и потпечете уште малку и имате навистина лесен, вкусен и брз оброк кој ќе ве засити, а нема да ви тежи.