Уживајте во младиот грашок, зрно по зрно…

Грашокот е една од моќните намирници и сојузници во правилната исхрана на луѓето. Нема многу калории и е многу богат со протеински влакна.

0
104

Една од работите за кои сакав да ѝ помагам на мајка ми, беше чистењето на грашокот – во еден сад ги фрлавме зрната, а во друг лушпите. На крајот, мајка ми ги пакуваше во кеси и ги ставаше во замрзнувачот. Ммм, многу сакам грашок, особено ваков, и токму сега е време за него.

Со него можат да се направат многу вкусни оброци, а патем, и здрав е. Грашокот е една од моќните намирници и сојузници во правилната исхрана на луѓето.
Нема многу калории и е многу богат со протеински влакна. Протеините помагаат да се намали апетитот и прави да се чувствувате сити по оброкот. Некои експерти истакнуваат дека грашокот е една од намирниците што помага при слабеење.

Придобивките од оваа вкусна намирница се многубројни, а една од важните карактеристики е тоа што го намалува нивото на хормонот кој го поттикнува гладот. Исто така, една од важните работи е тоа што грашокот се вари полека, а тоа ви помага да останете сити подолго време.

Придобивките од протеините се многубројни, а особено е важно тоа што телото ги користи за „хранење“ на важните органи и хормони во телото. Доколку внесувате помалку протеини или скоро воопшто, може да се случи имунитетот да ви ослабне. Грашокот е полн со овие влакна, а исто така помага и во регулирање на шеќерот во крвта, зачестеното мокрење и кај главоболките.

Влакната од грашокот исто така можат да бидат корисни и кај лекување на чиреви на желудник, проблеми со хемороиди, а исто така можат да помогнат и за здравје на срцето и крвните садови. Одличен е ако имате проблеми со варењето, бидејќи влакната помагаат во одржување на здравите бактерии во цревата – што значи дека го намалуваат нивото на лошите. Некои студии покажале дека грашокот има антиканцерогено дејство, а сето тоа благодарение на високата концентрација на антиоксиданти.

Фото: Unsplash