Во овој период од годината има многу домати … Искористете ги на вистински начин.
Знаете дека за добра и здрава зимница е важно зеленчукот да е добар и здрав, теглите да се добро стерилизирани и капаците да се нови! Сe друго е прашање на рутина и ваша добра волја. Можете да уживате во свежите домати на безброј начини, но исто така можете да го зачувате вкусот и за постудените денови.
Еве како можете да ги зачувате доматите за есен и зима.
Состојки:
шери домати
домати
Земете тегли колку што сакате да оставите за зима. Во една тегла има околу 20 шери домати и околу 5-6 поголеми домати.
За една литарска тегла:
копар и магдонос
1-2 чешниња лук
1 ловоров лист
5-7 зрн црн пипер
половина главица кромид
2 лажички сол
2 лажици шеќер
1 лажица оцет
Приготвување:
Измијте го зеленчукот, исечете ги кромидот и лукот, измијте ги и исечкајте ги копарот и магдоносот. Во измиени и стерилизирани тегли, најпрво наредете ги копарот и магдоносот, ловоров лист, зрната црн пипер, лук, потоа шери доматите и доматите, кромид, сол и шеќер, а потоа повторно домати. Завршете со копар и лажица оцет. Прелијте со зовриена вода и стерилизирајте ги 10 минути, такшто ќе ги наредите теглите во тенџере со топла вода. Потоа, избришете ги теглите, затворете ги превртете ги наопаку. Можете да ја чувате зимницата на темно место.
Забелешка: Ако имате поголеми домати, пресечете ги на половина или на четвртини.
Фото: Принтскрин/Јутјуб