Кој вели дека сармите мора да бидат постојано со ист состав. Освен однадвор, можете да ги направите во поинаква варијанта и одвнатре.
Наместо вообичаената комбинација од мелено месо и ориз, направете една нова, поинаква и повозбудлива комбинација од мелено месо и пченица. Додадете и кромид пропржен заедно со исечканите дршки од блитва, зачини и сушени домати во масло, се разбира, заедно со маслото.
Завиткајте ги во листови од блитва, наредете ги во тенџере и следниот ден само ставете вода и варете ги околу 1 час.
Ви требаат:
400 г мелено месо
1 шолја пченица
1 кромид
1/2 тегличка сушени домати во масло, зачини по вкус
3 китки блитва