Три најлоши намирници за имунитетот – ја саботираат одбраната на организмот

Постојат голем број на намирници и пијалоци кои имаат многу мала хранлива вредност, а нивната прекумерна потрошувачка е тесно поврзана со дебелината, дијабетесот и другите хронични болести. Истата храна може да го загрози вашиот имунолошки систем и неговата способност да ве одржува здрави.

0
2349

Начинот на живот и исхраната значително влијаат на тоа колку вашиот имунолошки систем може да ве заштити од болести и колку брзо се опоравувате. Покрај спиењето, вежбањето и намалувањето на стресот, содржината на хранливи материи во храната што ја јадете може многу да влијае на тоа колку сте подготвени да се борите против болести.

„Вообичаената исхрана со овошје, зеленчук, цели зрна, протеини со малку маснотии, јаткасти плодови и семиња ќе го задржи вашиот имунолошки систем непречено да ве заштити кога ви е најпотребно“, вели нутриционистот др. Марги Сајдел за Real Simple (RS).

Се разбира, постојат голем број на намирници и пијалоци кои имаат многу мала хранлива вредност, а нивната прекумерна потрошувачка е тесно поврзана со дебелината, дијабетесот и другите хронични болести. Според Сајдел, истата храна може да го загрози вашиот имунолошки систем и неговата способност да ве одржува здрави.

Едноставно кажано, може да се разболите од лошите прехранбени навики, а еве неколку работи што треба да ги избегнувате за да се подобри способноста на вашето тело да избегнува болести и воспаленија:

1. Газирани сокови

„Газираните пијалоци засладени со шеќер не носат ништо друго освен празни калории од шеќер“, објаснува Сајдел.

Освен тоа што придонесува за дебелина и со неа поврзани хронични заболувања кои се поврзани со потиснат имунолошки систем, прекумерната консумација на шеќер може исто така да го зголеми воспалението и да ја загрози способноста за борба против болестите.

2. Алкохолни пијалоци

На долгата листа на причини за намалување на алкохолот, додадете го и ослабениот имунолошки систем.

„Прекумерното пиење може да доведе до намалување на способноста на вашето тело да се бори против болести, а исто така може да ве направи подложни на пневмонија и други белодробни состојби, побавно зараснување на раните и побавно закрепнување од болести“, вели Сајдел.

3. Замрзната храна

Ова првенствено се однесува на готови замрзнати оброци, бидејќи за разлика од брзо замрзнатиот зеленчук, тие не содржат скоро никакви хранливи материи, туку само празни калории. Иако во бурното модерно секојдневје многумина често посегнуваат по вакви побрзи решенија, секогаш е поздраво да се испржи јајце, наместо да се подготви готов оброк во микробранова печка или во рерна, објаснуваат експертите.

„Содржината на натриум, шеќер, заситени масти и рафинирани јаглехидрати е висока, со малку хранливи материи и растителни влакна“, објаснува Сајдел.

Фото: Pixabay