Три здравствени проблеми што зелениот дел од кромидот ги решава за миг

Освен што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, младиот кромид има противвоспалителни својства и делува против габи, стрес и замор.

0
244

Проверете кои здравствени проблеми ги решава зелениот дел од младиот кромид, и тоа многу брзо.

1. Воспаление на грлото

Исечкајте го зелениот дел од кромидот, додадете малку изрендан ѓумбир и сол и ставете го сето тоа во платнена кесичка или во крпа и загрејте го. Топлиот облог завиткајте го во уште една крпа или пешкир и ставете го на воспаленото место.

2. Отечени нозе

Зелениот дел од младиот кромид варете го неколку минути. Измешајте го со блендер (додадете многу малку вода ако е потребно) додека смесата не се претвори во паста. Нанесете ја оваа паста на отечените делови на нозете.

3. Одзатнување на носот

Згмечете малку од зелениот дел од младиот кромид и со неговиот сок натопете парче вата или два туфери. Нанесете таков влажен облог на областа на носот и синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги одзатне дишните канали.

Фото: Pixabay