Три вообичаени грешки при готвењето со кои ја зголемувате токсичноста на вашата храна

Готвејќи на погрешен начин, можете да го зголемите ризикот од настанок на рак.

0
1031

Можеби сте совршен готвач, но сеедно, можете во кујната да ги правите постојано истите грешки без да бидете свесни за тоа.

Еве неколку совети како да ги избегнете или барем да не ги повторувате често.

Загорена храна

Сировата и слабо зготвена храна е опасност по здравјето, но исто и изгорената. Ако ја подготвувате вашата храна на многу високи температури, можете да ја препечете, што создава хемикалии кои можат да предизвикаат рак. влијаат на промената на ДНК што ќе го зголеми ризикот од развој на опасни заболувања.

Хетероцикличните ароматични соединенија (HCA) и полицикличните ароматични јаглеводороди се две хемикалии кои се формираат кога месото се готви на високи температури, а тие може да предизвикаат промена на ДНК што ќе го зголеми ризикот од развој на опасни заболувања.

Ако не можете да се откажете од печената храна, вежбајте готвење на индиректен оган. На овој начин вашето месо ќе биде совршено зготвено и ќе има убав мирис, а вие ќе избегнете готвење на директен оган.

Пржење во длабоко масло

Во овој случај, не станува збор само за закана од внесување на вишок на несакани калории, туку за хемикалиите што се создаваат кога одредена храна, како на пример, компирите, се пржи на висока температура. Акриламидот е хемикалија која најмногу се користи во индустриското производство, како што е производството на хартија. Исто така, го има во чадот од цигари, поради што сите пушачи и оние околу нив се изложени на хемикалии. Исто така, се јавува кога се произведува одредена храна, како што е онаа што содржи скроб.

Иако досегашните студии не потврдиле силна врска помеѓу оваа хемикалија и развојот на карциномот, подобро е „да се игра на сигурно“ и да се намали пламенот додека готвиме.

Загревате погрешни масла

Одреден број кулинарски експерти тврдат дека маслиновото масло повеќе нема да биде здраво за нашите срца ако се загрее на многу висока температура, но тие велат дека тоа нема да испушти штетни токсини за време на загревањето. Нутриционистот Бриџит Бенет вели дека маслиновото масло се распаѓа за време на загревањето и многу важни супстанции, како што се омега-3 масни киселини и антиоксиданти, пропаѓаат во процесот.

Маслата како сончогледовото, маслото од соја и пченка, исто така, “се распаѓаат” на високи температури и произведуваат потенцијално опасни состојки како што се липиден пероксид, кој уништува здрави клетки во организмот, и акролеин, за кој се смета дека предизвикува карцином.

Но, не ги фрлајте овие масла веднаш, бидејќи можете да ги користите за да подготвите салати или намази. Најдете вкусен начин да ги вклучите во вашата исхрана, но не мора да ги загревате на високи температури.

Фото: Pixabey