Трилече за 30 минути

За ова откровение се заслужни нашите пријателки Весна и Снеже, од продавницата за здрава храна на пазарот Тафталиџе („Лара-ви“). Со нивната тајна состојка и по нивен рецепт, имате вистинско Трилече за најмногу половина час.

0
927

Се сеќавате на нашите пријатели од продавницата за здрава храна „Лара-ви“? Оние од пазарот во Тафталиџе…онаа љубезна тројка (Весна, Снеже и Драган), која заедно со производите често знае и да ви даде упатство за употреба и да ве посоветува за кој здравствен проблем е добро да се консумира одредена намирница, на пример ѓумбирот, хељдата, ѕвездестиот анис, местото во кое можете да најдете од пиле млеко?

Е ние деновиве, сосема случајно, таму имавме откровение – готова смеса за трилече и, се разбира, рецепт од прекрасните Весна и Снеже. Додека едната го објаснува, другата веќе ви го запишува на ливче, пакува и навистина, за пола час колачот е готов.

Еве вака:

Ви требаат 6-7 јајца, зависно од големината.

500 г од мешавината за трилече

1,5 л млеко

Мало пакување карамел

Ги матите јајцата пенливо, па ја додавате мешавината за трилече. Матите се заедно и ја ставате во подмачкана и набрашнета тепсија.

Пандишпанот се пече 15-20 минути, во зависност од рерната.

Кога ќе се подизлади, го прелевате со загреано млеко, малку по малку додека не се впие.

На крајот премачкувате со готов карамел и го ставате трилечето во фрижидер.

Епа многу е вкусно, иако, малку преблаго за оние кои не сакаат многу шеќер. Чаре? Премачкајте со потенок слој карамел.