Тостади – традиционален шпански појадок

Потпечени парчиња багет, а одозгора изрендан свеж домат, маслиново масло, кашкавал исечен на триаголни парчиња и по желба - пршут или веге варијанта, со авокадо. По препорака на нашата читателка и фотографка Стефани Христов

0
418

Нашата читателка и фотографка Стефани Христов, по тримесечниот принуден престој во Аликанте, Шпанија, се врати со еден тон нови фотографии, но и со нови гастрономски искуства и рецепти. Еден од нив е и оној кој во Шпанија им бил речиси секојдневје – рецептот за тостади кои Шпанците најчесто го јадат наутро.

А за што всушност станува збор?

Багет исечен на половина, а потоа секоја половина уште еднаш на пола, по должина. Лепчето се потпекува, а потоа одозгора се ренда свеж домат, се прелива со маслиново масло, се редат парчиња кашкавал исечен на триаголници и никако поинаку, и по желба, зависно од вкусот, се става пршут или кога станува збор за веге варијанта, парчиња авокадо.

„Многу е вкусно во која било варијанта“, вели Стефани.