Тортата од насловната на „Арт кујна“ освои Гран При

Саша Алексиќ го освои пехарот, односно, главната награда на вчерашниот Интернационален натпревар во приготвување торти и колачи во Ниш за тортата што ја краси насловната страница на магазинот „Арт кујна“.

0
566

Тортата на Саша Алексиќ која беше специјално направена за насловната страница на магазинот „Арткујна“ освои Гран при на 13. Меѓународен натревар во приготвување торти и колачи кој се одржа вчера во Ниш, Србија.

За оваа торта со декорација во стилот на најпознатата фаза од творештвото на холандскиот сликар Пит Мондријан, еден од оснивачите на движењето Де Стил кој ги формулира принципите на неопластицизмот, на Саша му беше потребна 1 седмица.