Топли или ладни облоги? Од што се прават и кога се користат?

Топла облога или ладна облога, влажна или сува, цела или делумна, зелка, кељ или нешто трето – сето тоа се дилемите кога сакаме да ја намалиме болката со помош на облоги, а не сме сигурни кога и како да ги употребиме.

0
346

На повеќето од нас им се познати ладните и топлите облоги, но има многу различни видови облоги. Ќе ве едуцираме само за некои, како и кога се користат.

Ладните облоги најмногу помагаат при појава на повреди и воспаленија, бидејќи ги стегаат крвните садови и ја намалуваат болката, а истовремено спречуваат создавање на (поголеми) модринки. Од друга страна, топлата облога ќе ни помогне кога треба да ја зголемиме циркулацијата на крвта и да ги опуштиме мускулите.

Ладна облога за гихт, главоболка и истегнувања

Гихтот што ги напаѓа вашите зглобови може да предизвика неподнослива болка, а облогите со мраз може да ја намалат таа болка. Ако, пак, имате главоболка, која се карактеризира со мачна болка во пределот на главата, ладната облога може да ви ја олесни болката.

Слично е и со разни истегнувања, без разлика дали се работи за мускул, зглоб, тетива, лист или бедро, најголемо олеснување ќе почувствувате со ставање на ледено пакување. Ова често може да се види на фудбалските натпревари, кога играчите ставаат ладни облоги на болното место заради истегнување.

Топлата облога помага при артритис и за опуштање на мускулите

Главоболката може да биде предизвикана од воспалени мускули на вратот, особено во случаи кога тие се грчат. Топлата облога може да ви помогне да ја подобрите циркулацијата на крвта и да ги опуштите мускулите на вратот, но и на другите делови од телото.

Артритисот е хронична, автоимуна болест која често ги напаѓа зглобовите на рацете и нозете, а топлите облоги можат да помогнат во намалувањето на непријатната болка. Тестирајте го нивото на топлина, фреквенцијата на менување на облогите, додека не постигнете максимален ефект.

Облоги од зелка против инфекции и за лекување на разни болести

Облогите може да се направат од газа за помали површини, додека крпи, поголеми ткаенини и чаршафи често се користат за поголеми површини. Но, во светот на алтернативната медицина има уште многу различни облоги, кои имаат своја намена и цел, а некои од нив ќе ги спомнеме подолу.

Еден од најпознатите облоги е оној од листови зелка, кој се користи во алтернативната медицина за голем број болести и симптоми. За облоги се користеле сите видови зелка, но според многумина, листовите од црвена зелка се најмалку делотворни.

Облогите од кељ, исто така многу се користат

Овде дефинитивно треба да се споменат облогите од кељ, кои се исто така многу ефикасни. Според некои тврдења, ваквите облоги можат да бидат корисни кај следниве болести: бронхитис, глисти, болки во колковите, болки во коленото, болки во коските, проширени вени и воспаление на мускулите.

Многумина го користат и во лечење на астма, воспаление на тетиви, акни, епилепсија и несвестица, отоци и смрзнатини, разни убоди, болести на тироидната жлезда, чиреви, забоболка, за стомачни и ревматски заболувања. Да, има широка примена на овие облоги и нема да ве чини многу да пробате, за некои работи сигурно ќе ви помогне.

Кога да го смените облогот од зелка или кељ

Сè додека листот е свеж, добар е за облоги. Ако ја промени бојата, тоа потенцијално ја излечило вашата болест или барем делумно ја залечило. Променете го облогот кога ќе се смени бојата, а особено кога станува кафеава, затоа што најверојатно во себе содржи гној или исцедок што е извлечен од вашето тело.

Исто така, погрижете се вашето тело да ги надополнува хранливите и корисни материи за време на терапијата со облоги од зелка или кељ. Внесувајте многу течности, а се препорачува и консумирање многу чај, бидејќи преку терапијата организмот исфрла поголема количина течност.

Фото: Pexels