За да функционира телото нормално, за циркулацијата и за работата на цревата од голема важност е да се внесува доволна количина на вода.
Најважното правило за здрав живот е: минимум осум чаши вода на ден. Ако тренирате или се обидувате да изгубите тежина, мора да знаете дека самата диета нема да даде резултати без правилно внесување на вода, кое е во овој случај и поважно.
Можеби сте чуле дека има полемики околу тоа дали е подобро да пиете топла или ладна вода. Всушност, и двете опции се добри за правилно функционирање на телото, но постои правило кога се пие топла, а кога ладна вода.
Ладна вода
Нема подобар начин за ладење и освежување отколку со ладна вода. Треба да се пие пред тренинг бидејќи поттикнува согорување на калории. Пиењето ладна вода помага телото да не се прегрее, особено за време на вежбање или кога е времето топло. Непотребно зголемување на телесната температура може да го оптовари срцето затоа што вените имаат тенденција да се шират.
Консумирањето ладна вода за да се намали температурата на телото, исто така, помага да се потисне дехидрираноста што може да се појави поради прекумерното потење.
Ладната вода разбудува. Кога сме поспани, имаме навика да пиеме повеќе кафе отколку што е потребно, а тоа нема да помогне. Ако чувствувате поспаност, испијте една до две чаши вода што веднаш ќе ве разбудат.
Топла вода
Тоа е добар избор, особено наутро по будењето, бидејќи ја стимулира работата на сите органи, метаболизмот и варењето на храната. Кога ќе завршите со тренингот, најдобриот начин да ја надоместите изгубената течност и да ја повратите енергијата е да консумирате топла вода, која ќе ве исчисти одвнатре.
Топлата вода е одлична за работата на цревата.
Топлата вода спречува стареење на кожата. Таа е поефикасна за плакнење на насобраните токсини во организмот отколку ладната вода. Со ослободување на отпадни материи од телото, кожата може да стане помека и посјајна. Исто така, го стимулира производството на структурни протеини колаген и еластин, што ја затегнува кожата и ги измазнува брчките. Пиењето топла вода помага да се потисне запекот, како и други симптоми поврзани со него, како што се надуеност, гасови или грчеви во стомакот.
Се разбира, никогаш не смеете да пиете топла вода што доаѓа директно од бојлерот.
Инаку, и ајурведата препорачува пиење топла вода, особено, наутро, кога ќе ви помогне да се ослободите од стресот и вознемиреноста. Една научна студија покажала дека топлите пијалаци, вклучувајќи и билен чај, можат да го намалат нивото на стрес и вознемиреност. Студијата сугерира дека ова може да се должи на здравите состојки во билките, но и топлината има важна улога во подобрувањето на расположението.
Фото: Pexels