Тиква, тиква и повторно тиква, овојпат во солена и блага варијанта

Тиквата е исклучително вкусна, лесно сварлива и богата со нутриенти поради што го наоѓа своето место во различни варијанти

0
702

Портокаловата боја на тиквата е јасен знак дека е богата со бета каротен, антиоксиданс кој го штити организмот од делувањето на слободните радикали и придонесува за работата на имунолошкиот систем.

Освен тоа, тиквата е вистинска ризница на витамини и минерали, меѓу кои се витамините од групата Б, витамините Ц, Е, К, калиум, фосфор, калциум и железо.

Намаз од тиква

Одлично оди со тост, крекери, како додаток на јадењата…Не треба многу да размислувате како да го послужите, само намачкајте го на тост и по желба зачинете го со масло од тиква и семки.

Состојки:

500 г тиква (хокаидо или батернат)
2 чешниња лук

2 лажици семки од тиква

Маслиново масло

Сол, мускатно оревче

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ја тиквата на парчиња, ставете ги врз хартија за печење во тепсија и печете ги 15-20 минути, додека не омекнат. Оставете да се оладат, а потоа ставете ги во блендер и измешајте. Додадете лук, семки, сол, црн пипер и постепено додавајте маслиново масло. Мешајте додека не добиете кремав намаз.

Мармалад од тиква и јаболки

А тиква во слатка варијанта?

Соединете ја со јаболка и направете мармалад како нарачан за палачинки или на лепче со путер.

Состојки:

500 г тиква (хокаидо или батернат)

500 г јаболка

½ шолја кафеав шеќер

Малку вода

Зачини по желба: цимет, мускатно оревче, ѓумбир, каранфилчиња…

Приготвување:

Исчистете ги тиквата и јаболката и исечете ги на помали парчиња. Ставете ги во големо тенџере, поросете ги со шеќер и оставете ги да отстојат час или два.

Ставете го тенџерето на оган, додадете малку вода и варете додека овошјето не омекне, околу 1 час. Измиксајте го помош на миксер или во блендер за да добиете хомогена смеса и варете до саканата густина, а при крајот додадете ги зачините по желба.

Ставете го мармаладот во стерилизирани теглички, оладете ги на собна температура и чувајте ги во фрижидер.

Фото: Pixabey