Супер намирница за дијабетичари

Да се ​​живее со дијабетес не е лесно бидејќи бара внимателно планирање, постојано следење и ограничувања во исхраната. Сето тоа е напорно, без оглед дали ви дијагностицирале дијабетес вчера или живеете со него со години.

0
285

Ако имате дијабетес или пак од него страда некој од вашето најблиско опкружување, сигурно сте свесни колку може да биде напорно да се ​​живее со оваа дијагноза. Не е лесно бидејќи бара внимателно планирање, постојано следење и ограничувања во исхраната. Сето тоа е напорно, без оглед дали ви дијагностицирале дијабетес вчера или живеете со него со години.

Но, кога знаете каква храна можете да консумирате без страв, животот станува поедноставен.

Гравот е една од најдобрите намирници за дијабетичарите бидејќи содржи многу протеини и растителни влакна, а може да се подготвува на различни начини, па затоа е едноставно да се вклучи во вашата секојдневна исхрана.

Некои од супермоќите што ги има гравот е тоа што го намалува нивото на гликоза во крвта, го намалува холестеролот и помага при слабеење, а сето тоа е потребно за дијабетичарите, како и за луѓето кои сакаат да се хранат здраво. Иако и конзервираниот и зготвениот грав се карактеризираат со овие здравствени придобивки, сушениот грав е одличен извор на калиум, калциум, фолати и други витамини од групата Б. Со други зборови, гравот е целосен погодок.

Покрај грав, на дијабетичарите им се препорачува редовно да консумираат и други мешунки како што се леблебија и леќа, бидејќи, како и гравот, иако содржат јаглени хидрати, тие имаат низок гликемиски индекс. Истражувањата сугерираат дека конзумирањето мешунки навистина може да има терапевтски ефект. Во студија објавена во Archives of Internal Medicine, луѓето со дијабетес тип 2 конзумирале една чаша мешунки дневно како дел од внесот на јаглени хидрати во текот на три месеци. Во споредба со другите учесници во студијата, дневните потрошувачи на мешунки покажале поголемо намалување на вредностите на хемоглобинот А1c и намалување на крвниот притисок.

Совети: Гравот е едноставен начин да ги задоволите вашите дневни потреби од растителни влакна (25 грама за жени, 38 грама за мажи). Можете да го користите во супи, чорби, салати или каши. Конзервираниот грав може да содржи премногу натриум или шеќер. Затоа, побарајте од оној што не содржи шеќер, а доколку има премногу натриум, исплакнете го пред консумирање.