Сте пробале ли Кајсершмарн?

Јаболка. Со нив можат чуда да се направат, а одлични се и во солени и во слатки комбинации. Дали сте ги пробале досега овие австриски палачинки со рум и суво грозје и секако, со сос од јаболка

0
727

Австриската палачинка или Кајсершмарн (Kaiserschmarrn) е традиционален австриски специјалитет кој наликува на растурен омлет. Во превод Kaiserschmarrn  значи царски трошки.

Состојки за 4 палачинки:

30 г суво грозје

2 ипол лажици рум

3 јајца (белките и жолчките треба да се раздвојат)

1 ванилин шеќер

50 г шеќер

1/2 лажичка сол

130 г брашно

250 мл млеко

1 лажица растопен путер за палачинка

1 лажица путер за печење

Приготвување:

Ставете го сувото грозје во рум и оставете го во него половина час. Изматете ги трите жолчки од јајца, солта, ванилиниот шеќер и шеќерот со електричен миксер, а потоа полека додадете ги брашното и млекото. На крај додадете го стопениот путер.

Во вториот сад изматете ги 3-те белки додека не се зацврстат и полека додадете ги во првата смеса и полека измешајте да се соединат.

На крај додадето го натопеното суво грозје. Во тава стопете парче путер, а потоа додадете го тестото.

Нека биде отприлика 1 цм дебело. Печете од двете страни на тивок оган додека палачинката не стане златно кафеава. Проверувајте ја долната страна почесто да не изгори. Кога тестото ќе порумени од двете страни, здробете ја на парчиња со дрвена лажица и печете ја уште малку. Ставете ја на чинијата и сервирајте ја со сос од јаболко.

Како да го направите сосот?

Состојки:

10 средно големи, излупени, исечкани јаболка

250 мл вода

120 мл чист јаворов сируп или 100 г кафеав шеќер

1/2 лажичка мелен цимет

1/4 лажичка морско оревче

Приготвување:

Во еден сад ставете вода и јаболка. Загрејте ги до вриење на среден оган, а потоа намалете ја топлината и оставете ги јаболката да се динстаат непокриени и повремено мешајте ги додека не омекнат. Со помош на дробалка за пире згмечете ги до саканата конзистенција. Додадете јаворов или шеќер и зачини.

Фото: Pixabey