Ако не ви текнува како се правеше, еве мало потсетување.
Ставаме една шолја ориз и четири шолји вода во тенџере на тивко, а кога оризот ќе ја апсорбира водата, додаваме и 3 шолји млеко.
Се вари на тивко со постојано мешање.
Додаваме 1 ванилин шеќер и 2 лажици обичен шеќер.
Кога е готов, го префрламе во стаклени чаши и секој си го зачинува како сака и ако сака. Вкусен е и вака, но уште повкусен со цимет или со морско оревче или со двете. Може да се додаде и рендана кора од лимон или портокал. Некои додаваат и свежо или суво овошје. Изборот е голем и по ваша желба.
Оставете го сутлијашот да се олади или ставете го во фрижидер доколку сакате да биде сосема ладен и уживајте.