Спречете рак со помош на овие 3 состојки!

Препорачливо е да го пробате овој лек кој може да спречи рак и други болести, кои можат да се појават како резултат на разни воспалителни процеси во телото.

0
653

Aко сакате да спречите рак, сторете го тоа со овие три, лесно достапни и што е најважно, природни состојки. Рецептот за овој лек го најдовме на блогот на американската докторка Каролин Андерсон. Препорачливо е да го пробате овој лек кој може да спречи рак и други болести, кои можат да се појават како резултат на разни воспалителни процеси во телото.

Овие три состојки се користат илјадници години во традиционалната индиска медицина и во индиската гастрономија. Важно е да се знае дека Индија е една од земјите во светот со најмалку луѓе заболени од рак. Тоа може да биде показател за тоа колку лекуваат овие три состојки.

За сите кои ги интересира, ќе наведеме дека инциденцата на жени со рак на дојка во Индија е само 1/5 во споредба со жените во Северна Америка, 1/8 луѓе во Индија заболени од карцином на белите дробови, во споредба со останатата светска популација, 1 / 9 заболени од карцином на дебело црево, и 1/50 заболени од рак на простата.

Овие резултати се восхитувачки, што значи дека односот на жени заболени од рак на дојка во САД и Индија е 5: 1, а односот на пациенти со рак на простата во светот и Индија е 50: 1.

Тогаш се прашуваме, што е тоа што ги штити Индијците од разни видови на рак?

Одговорот на ова прашање, се разбира, е – куркума. Куркумата е жолтеникаво-портокалов зачин, кој е составен дел од карито. Има силно антиинфламаторно дејство и покрај ѓумбирот, е една од најефикасните природни состојки кои ги намалуваат воспалителните процеси во организмот. Куркумин од куркумата е одговорен за борбата против воспаленијата.

Најновите истражувања покажуваат дека куркуминот штити од карцином или спречува раст на клетките на ракот во дебелото црево, мозокот, простатата, градите, итн.

Како и во кои количини треба да се користи куркумата за да се искористат сите нејзини лековити својства?

Истражувањата покажуваат дека многу лековити намирници имаат подобар и посилен ефект кога се комбинираат со други одредени намирници. Ова е случај и со куркумата, бидејќи кога се консумира сама, на организмот му е тешко да ја апсорбира во дигестивниот тракт. Затоа е најдобро да се комбинира со црн пипер и ѓумбир, затоа што тогаш одлично се апсорбира и неговите лековити својства се користат на вистински начин.

Црниот пипер ја забрзува апсорпцијата на куркумата за неверојатни 2000%. Затоа, д-р Андерсон го нуди следниот рецепт, кој потекнува од традиционалната народна медицина во Индија.

Рецепт: Во мал сад измешајте ¼ лажичка куркума и ½ лажица маслиново масло, па додадете прстофат свежо мелен црн пипер. Измешајте ги сите три состојки добро и додавајте во супи, салати, месо, зеленчук, житарици… и секаде кадешто сакате. Треба да знаете дека овие три состојки не треба многу да се готват, туку се додаваат во последната фаза на готвењето или во веќе подготвена храна, за да не се изгубат лековитите својства.

Овие три состојки можете да ги користите и сирови, и да ги консумирате со вода.

Д-р Андерсон вели дека можете да ја користите комбинацијата од овие три состојки што е можно почесто, бидејќи ако ги внесете овие состојки во секојдневната исхрана, може значително да го намалите ризикот од рак и други болести. Интересно е и тоа што куркумата се користи во Индија, Кина и на Блискиот исток повеќе од две илјади години.

Фото: Pexels