Иако обично е тешко да се заменат во рецептите, а некои замени не се најидеални, постојат оние кои се сосема соодветни.
Која е главната улога на јајцата во колачите? Да ги поврзат состојките и да им дадат влажност.
Постојат неколку замени за јајца, но не сè е погодно за секој рецепт. На пример, кога правите палачинки и слични јадења, можете да ги исфрлите, но сепак додадете во смесата малку повеќе млеко, овошен сок или вода поради влажност. Можете исто така наместо јајца да додадете половина згмечена банана или една или две лажици пире од јаболка. Истите замени можете да ги користите при правење мафини, но додадете половина лажичка прашок за пециво повеќе отколку што е наведено во рецептот.
Основни замени:
1 јајце = 1 помала банана (или пола поголема)
1 јајце = 2 полни лажици компиров скроб
1 јајце = 28 г пире од јаболка
1 јајце = 1 лажица брашно од соја и 1 лажица вода
1 јајце = 1 лажица мелено ленено семе и 2-3 лажици топла вода
1 јајце = 2 лажици оцет растворен во пола шолја вода
1 јајце = 1/4 шолја овошно пире и 1/2 лажичка прашок за пециво
Солени јадења
Ако ви се потребни јајца за рецепти како што се мусака, ќофтиња, плескавици, пецива или некои предјадења можете да ги замените со пченкарен или компиров скроб, брашно од цели зрна, лебни трошки, компир пире или пире компир во прав.
Фото: Pixabey