Ако не знаевте досега, има најмалку пет причини поради кои треба да почнете да пиете чај од шипки во иднина.
Тој е еден од највкусните чаеви кои во голема мера ќе помогнат во ублажување на следниве здравствени проблеми и тегоби:
1. Чајот од шипки е извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага во борбата против холестеролот.
2. Го намалува крвниот притисок: Оние кои имаат проблем со хипертензија треба да вклучат во својата дневна рутина пиење по 3 шолји чај од шипки.
3. Ублажува разни воспалителни процеси: Чајот од шипка е одличен додаток за лекување на болести како што е остеоартритисот. Ја ублажува болката и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите велат дека помага во обновување на ‘рскавицата.
4. Лечи стомачни тегоби: Се користи за цела низа проблеми како грчеви, недостаток на желудочна киселина, иритација и чиреви на желудник. Исто така, го олеснува варењето на храната и добро е да се пие и кај диареја и кај запек.
5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката: Поволно делува на проблеми со камења и песок во жолчката. Се користи за детоксикација на црниот дроб.
Фото: Freepik