Со природен пробиотик до здрав организам

Снабденоста на организмот со пробиотици е важна затоа што, покрај другите својства врз варењето и подобрувањето на имунолошкиот систем, пробиотиците ја имаат моќта да го чуваат дигестивниот тракт и цревната флора и со тоа спречуваат појава на вируси и бактерии, кои пак прво се таложат во цревата и оттаму се шират и го напаѓаат целиот организам.

0
509

Природниот лек и начин да се стигне до подобро здравје е се поактуелен. Храната се повеќе станува чувар на здравјето, превенција и лек. Со правилен избор на квалитетни намирници го подобруваме здравјето, а во ова предводат пробиотиците и нивното повеќекратно влијание врз разни процеси. Добиени се со природна ферментација на бактериите на млечната киселина и како живи микроорганизми земени во доволни количини, имаат позитивен ефект врз целосното здравје.

Снабденоста на организмот со овие пробиотици е важна затоа што, покрај другите својства врз варењето и подобрувањето на имунолошкиот систем, пробиотиците ја имаат моќта да го чуваат дигестивниот тракт и цревната флора и со тоа спречуваат појава на вируси и бактерии, кои пак прво се таложат во цревата и оттаму се шират и го напаѓаат целиот организам.

Пробиотиците присутни во пробиотскиот јогурт Баланс+ ја стабилизираат цревната микрофлора и метаболизмот. Така, снабдувањето на цревата со добрите бактерии ги спречува штетните дејства на патогените, а од друга страна го стимулираат имунитетот и директно ги инхибираат штетните бактерии.

Благотворното дејство на овој јогурт произлегува од присуството на Bifido Digestio complex, комбинација од двете пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12, како и пребиотикот  олигофруктоза. Присуството на пребиотикот, како храна за  пробиотиците, дополнително ја засилува функцијата и нивното дејство. За Баланс+ направена е и клиничка студија која потврдува дека со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето.

Заради докажаното дејство врз здравјето, во последните години се случува буквално револуција во примената на разновидни пробиотски комбинации во прехранбените производи, се повеќе се внесуваат во храната и разни производи се збогатени со овие добри бактерии. Со тоа, самата храна или производ станува функционална и добива својство на чувар на здравјето.

Баланс+ јогуртот е токму таква храна, затоа што го снабдува организмот со нутриенти кои се неопходни за организмот, големо количество калциум, калиум и магнезиум, витамините Б2 и Б12, како и протеини и масни киселини важни за дигестивниот тракт, а со присуството на пробиотските култури кои се создадени природно со процес на ферментација, станува функционална храна и обезбедува и здравствена придобивка за организмот.