Со мед против болката и отокот од убод од творците на медот

Има неколку природни начини како да се ослободиме од болката и отокот од убод на оса, пчела и стршлен?

0
149

Неминовно е во летните периоди кога природата е разбудена, да биде буден и целиот животински свет. Затоа треба да бидеме внимателни и да не се приближуваме премногу до гнездата на оси, пчели или стршлени или да внимаваме да не стапнеме на нив, затоа што може во одбрана да не нападнат. Тие ќе го сторат тоа само доколку се чувствуваат загрозено. Кај некои луѓе самата средба со нив предизвикува паника, иако убодите од овие инсекти, освен во многу ретки случаи, не се опасни по здравјето на човекот.
Кои се тие ретки случаи? Тоа се луѓето алергични на овој отров кој влегува во телото преку убод и во тој случај може да паднат во анафилактичен шок, кој може да резултира со смрт. Во случај да имаме треска по убодот, потешкотии со дишењето, чувствуваме грчеви во мускулите и повраќање или мачнина, веднаш треба да посетиме лекар.

Ако сакаме да го намалиме ризикот од убод на пчела, оса или стршлен,
следете ги овие совети:
1. да не се приближуваме до нивното гнездо
2. да не одиме боси по трева во жешки денови
3. да не носиме облека со светла боја (светлата боја ги привлекува)
4. да не јадеме сочно овошје во нивна близина
5. ако некој инсект се приближи до нас, да не го туркаме или да не мавтаме со раце – ако сме потполно мирни, тие сами ќе заминат.

ПРВА ПОМОШ ако не касне пчела или оса:

Првиот чекор по убодот:

Првото нешто што треба да направиме по убодот е да го изгребеме местото на убодот со нокт или со кредитната картичка, доколку ни останал во кожата. Ова ќе го намали ослободувањето на токсини во вашата кожа
Потоа местото на убод го плакнеме со малку сапун и вода
Ако имаме во близина коцки мраз, ставме на местото на убод за да ја ослободиме
непријатноста и печењето и да го намалиме отокот.
Но, се разбира, постојат и некои други добри природни решенија кои ќе го забрзаат
закрепнувањето од убод.

Најдобри природни лекови за оток после убод

Есенцијалните масла од лаванда, камилица, босилек и лимонова трева се навистина одлични сојузници кои помагаат во ублажување на симптомите на убоди.

Маслото се нанесува директно на местото на убодот (на пример масло од лаванда или камилица), но најдобро е другите масла да ги мешате претходно со малку базно масло (маслиново, кокосово, сончогледово).

Медот е одличен природен лек кој може да го забрза заздравувањето на раните и да го олесни чешањето и болката после убод. Едноставно нанесете мала количина мед на отечената површина, покријте ја со газа или завој (не стегајте го местото на пункција) и оставете да делува околу еден час.

Сода бикарбона.Оваа популарна мулти практика во кујната може да ја ублажи болката, чешањето и отокот, кои се најчестите симптоми на убоди од оса или пчела. Ставаме малку сода бикарбона со вода за да добиеме густа паста и нанесуваме на местото на пункција. Ставаме газа или завој над неа најмалку 15 минути. Доколку е потребно, ја повторуваме постапката.

Јаболковиот оцет содржи киселина што помага во ублажување на убодот и обезбедува чувство на олеснување (исцедениот лимон има слично дејство). Потопуваме газа или чиста крпа во оцет и нежно го триеме правејќи лесен притисок на местото на пункција.

Лукот и кромидот се одличен природен лек кој ја ублажува болката после убод. Земаме чешне лук, го притискаме да се ослободи сокот и го нанесуваме на местото на убод. Наместо лук, може да користиме и црвен кромид. Го сечеме на половина и нежно ја притискаме внатрешноста да истече содржината на местото на пункција.

Масло од невен
Нежниот цвет од невен содржи антиинфламаторни соединенија и ја смирува иритираната кожа склона кон иритација.
Нанесуваме мала количина од масло од невен на местото на инјектирање и за кратко време болката и отокот ќе станат минато. Ова масло го забрзува заздравувањето на раните.

Фото: Pixabay