Со еден удар, две муви: Детоксикација и елиминирање на масните наслаги

Сигурно сте слушнале многу совети за детоксикација и за намалување на масните наслаги на вашето тело, но овој, со активен јаглен, сигурно ќе ви биде еден од почудните, особено ако досега сте го користеле само кога сте имале стомачни проблеми. Сепак, не станува збор за нов бизарен тренд, туку за сосема природен начин за чистење на телото од токсините кој го користел Хипократ, но и старите Египќани.

0
381

Сигурно знаете дека многубројните токсини кои доаѓаат од најразлични извори и се таложат во нашиот организам, се причина за нарушување на здравјето.

Сигурно сте слушнале или прочитале и многубројни совети за детоксикација и елиминација на масните наслаги од телото, но овој веројатно ќе ви биде еден од најчудните, особено ако досега сте посегале таблета активен јаглен само ако сте имале стомачни проблеми и мачнини. Сепак, не станува збор за нов бизарен тренд, туку за сосема природен начин за чистење на телото од токсини.

А дека не е нов зборува и фактот што го користеле старите Египќани откако откриле дека спречува труења, како и Хипократ.

Денеска во неговата ефикасност ‘се колнат’ блогерите и поборниците за здрава храна. Најчесто се препорачува да се употреби во комбинација со лимон.

Оваа црна лимонада изгледа многу чудно и на прв поглед, не е баш привлечна, но со неа можете да решите два проблеми, да го исчистите организмот од токсини и да си помогнете за губење на вишокот килограми.

Според истражувањата, активниот јаглен може да го исчисти телото од токсини предизвикани од лекови, алкохол и други штетни материи. Ги отстранува и надуеноста и гасовите, токсините и други нечистотии од дигестивниот тракт. Исто така, помага кај нередовни столици и дијареја.

Доколку сакате да го пробате овој напиток кој има посебен ефект врз масните наслаги на стомакот, подгответе го следново:

4 чаши вода
сок од 1 лимон
1 таблета активиран јаглен

По желба можете да додадете и една лажичка јаворов сируп.

Измешајте ги сите состојки и пијте од лимунадата после обилен оброк или навечер пред спиење.

Активниот јаглен нема вкус и мирис и е добиен на посебен начин со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас. На тој начин, во него се создаваат посебни пори, кои се всушност стапица за разни токсини. Површината на активниот јаглен е негативно наелектризирана. За разлика од неа, токсините во телото се позитивно наелектризирани и како такви се врзуваат за неговата површина и остануваат заробени во неговите пори. Медицинскиот јаглен не ги впива токсините, туку на некој начин ги лепи за својата површина, слично како магнет. Заедно со него, токсините се исфрлаат од телото преку столицата. На сличен начин делува и однадвор, па можете да го користите и за белење на забите (измешајте активен јаглен во прав со паста за заби и измијте ги забите на вообичаениот начин), за чистење на кожата (направете маска за лице од една лажица алое вера гел, една лажица вода и прав од една капсула јаглен), како и за решавање на проблемот со првут и масна коса (додадете активен јаглен во вашиот шампон за коса).

Медицинскиот јаглен може да делува поволно и на работата на срцето. Иако на ова поле е потребно уште да се истражува, досегашните истражувања покажуваат дека тој има способност да го намали нивото на лош холестерол ако се зема 3 пати дневно.

Сепак, ако пиете редовно некаква терапија, бидете внимателни и земајте го најмалку 2 часа пред земањето на лекот. Ако пак претерате со употребата на активен јаглен, нема да имате некакви животнозагрозувачки последици, но може да очекувате да имате црна столица, црн јазик, повраќање и запек.

Пушачите и лицата кои консумираат нездрава храна задолжително треба да консумираат активен јаглен. И конечно, тој е одличен за лицата кои понекогаш претеруваат со алкохолот, бидејќи токму поради моќното исфрлање на токсини, полесно ќе го поднесат алкохолот и побрзо ќе се справат со здодевниот мамурлак.

Фото: Unsplash