Сочни браунис колачи со кисела зелка?!

Кога ќе се спомене кисела зелка како состојка во колаче, луѓето паѓаат во несвест. Но верувајте, нема простор за загриженост затоа што токму киселата зелка му го дава на ова колаче она ‘нешто’, подлабока димензија која не можете да ја дефинирате, а кога ќе почнете да го јадете, тешко ќе престанете. Така барем вели Хрватката Дуња Гулин и ве повикува на предизвик!

0
294

Да, да признаваме, и ние вака подготвени на разни вкусови, некако го собравме носот на овие редови. Рецептот е преземен од готвачот Fermented Foods на Хрватката Дуња Гулин и ве повикува на предизвик!

Вели дека црното чоколадо доминира со овј колач, а зелката е само онаа состојка за која, конечно, и не мора да знае никој освен вие (и ние, и нашите читатели, и…).

Како и да е, еве го и рецептот.

Суви состојки:

130 г/ 1 шолјичка полубело брашно
35 г /¼ шолјичка интегрално брашно

1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
30 г/ 1∕3 шолјичка какао

½ лажичка цимет

Малку ванила
85 г /½ шолјичка кисела зелка, добро измиена и ситно исечкана

45 г / ¼ шолјичка црно чоколадо, иситнето

80 г / ½ шолјичка ореви или други јаткасти плодови, исечкани

Калап за печење со димензии 24 x 18 cm, обложен со хартија за печење

Течни состојки:

120 мл / ½ шолјичка млеко од соја или вода
150 г / ½ шолјичка јаворов сируп

50 г / ¼ шолјичка маслиново масло или растопено кокосово масло

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 °C. Во поголем сад измешајте ги сите течни состојки и додадете ја исечканата кисела зелка па добро измешајте. Ставете врз садот густа цедалка па додадете ги во него сувите состојки (освен оревите и чоколадото) и просејте ги во течните состојки.

Добро измешајте да добиете густа смеса. Додадете ги оревите и иситнетото чоколадо.

Префрлете ја смесата во приготвениот сад за печење и печете 25 – 27 минути. Изладете пред да го исечете колачот.

Фото: Pixabey