Сос од стар леб по рецепт на Џејми Оливер

Можете било кое месо да го прелиете со овој сос и резултатот ќе биде одличен. Значи, не го фрлајте стариот леб

0
334

Состојки:

1 среден кромид

4 каранфилчиња

2 ловорови листа

1 морско оревче за рендање

половина лажичка црн пипер

1 лажичка сол

700 мл млеко

2 леба (чијабата или кој и да е друг што е веќе тврд или сув за јадење)

30 г путер

4 лажици павлака

Приготвување:

Ставете го кромидот (избоцкан со каранфилчињата), ловоров лист, морско оревче, црн пипер, сол и млеко во тенџере и оставете да зовријат и нека се варат околу 5 минути.

Тргнете од рингла и оставете да стои 15 минути. Исцедете го млекото, а сѐ друго фрлете. Потоа ставете го млекото повторно да проврие.

Додавајте постепено трошки леб. Важно е да бидат покрупни за текстурата на сосот да биде поинтересна.

Додадете путер и павлака и зачинете по вкус.

Ако сосот ви изгледа премногу течен, додадете уште трошки, а ако е погуст, додадете уште млеко.

Можете да додадете и сенф за да добиете попикантен вкус.

Рецептот е од ТУКА.