Снижете го притисокот без лекови

Според нутриционистите, против високиот притисок треба да се борите со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум. А знаете каде ги има?

0
1440

За да го избегнете високиот крвен притисок треба да јадете храна со помал процент на сол. Според нутриционистите, против високиот притисок треба да се борите со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум. Овие седум намирници кои природно го снижуваат крвниот притисок се богати токму со тие нутриенти.

1. Бел грав
Во гравот има значајна количина калциум, магнезиум и калиум кои делуваат на снижување на крвниот притисок. Гравот можете да го јадете во форма на вариво, да правите од него супи, да го додавате во салатите или да го подготвите како пире.

2. Јогурт
Oвој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно делуваат на човечкото здравје. Почнете го денот со јогурт, но и искористете го за подготвување на нискокалорични сосови за салата и месни јадења.

3. Киви
Освен што се богати со витамин Ц, тие ќе ви помогнат за сниѓување на крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свеж.

4. Праски
Добро е да се знае дека содржат многу хранливи витамини и минерали добри за човековото здравје. Најдобро би било да ги јадете свежи или во смути.

5. Банани
Со една средно голема банана ќе задоволите 12 отсто од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стрес. Најдобро од се е што и кога ќе потемнат и ќе презреат можете да ги искористите такашто ќе ги замрзнете и ќе направите леден десерт.

6. Кељ
Овој лиснат зеленчук го нарекуваат суперхрана затоа што има многу вредни антиоксиданти, а истовремено многу малку калории. Најдобро е да се јаде како салата или бланширан.

7. Брокула
Стотина грана брокула на пареа ќе задоволи 6 отсто од дневните потреби за калциум, 8 отсто од дневните потреби магнезиум и 14 отсто калиум. Богата е со антиоксиданти и треба што почесто да го имате на менито.

Фото: Pixabey