Според пронајдените фосилни остатоци, заклучено e дека смоквите се одгледувале долго пред пченицата и јачменот и со тоа претставуваат прв пример за организирано земјоделско производство. Потекнуваат од Мала Азија, помеѓу источна Турција и северна Индија, а животниот век на стеблото се движи од 50 до 70 години.
Римјаните со задоволство ја конзервирале смоквата, залевајќи ја со мед. Традицијата е зачувана во некои делови на Медитеранот и денес, и тоа секогаш со исти упатства: мора да ја зачувате дршката на набраните зрели смокви и во медот тие не смеат да се допираат една со друга.
Римјаните, исто така, особено го ценеле и црниот дроб од гуски што се хранеле исклучиво со смокви и овој деликатес бил инспирација за денешниот малку познат стар венецијански рецепт за телешки црн дроб со смокви.
Секако, смоквата е најдобра кога е свежо собрана од дрвото и се уште влажна од утринската роса, но не може секој да си го дозволи ова задоволство.
Сега е сезона на смоквите, па иако суви смокви можат да се најдат секогаш во супермаркетите, сега е вистинско време да уживате во свежите смокви кои се многу поздрави.
1. Го намалуваат крвниот притисок
Смоквите се одличен извор на калиум кој помага да се намали и регулира крвниот притисок. Овој минерал е слабо достапен во храната, а во исто време е неопходен во денешниот свет каде голем број луѓе страдаат од неговиот недостаток заради засилената консумација на сол.
2. Помагаат при слабеење
Ова сочно медитеранско овошје е исто така добар извор на диетални влакна, кои го подобруваат варењето и обезбедуваат подолга ситост, а со тоа помагаат да се намали телесната тежина. Исто така, треба да се спомене дека 100 грама свежи смокви содржат само 74 калории.
3. Клуч се за добро расположение
Смоквите содржат значителна количина на витамин Б комплекси кои му даваат енергија на телото, обезбедуваат еластичност на кожата и јачина на мускулите. Една од придобивките на оваа група витамини е тоа што ја подобрува работата на мозокот и го подобрува целокупното расположение.
4. Го намалуваат шеќерот во крвта
Не треба да избегнувате ниту консумирање лисја од смоква. Имено, тие имаат антидијабетични својства, односно го намалуваат нивото на шеќер во крвта.
Некои студии покажале дека тие се од голема помош за регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1. Можете да ги користите за подготовка на разни јадења, но и за чаеви.
5. Помагаат за брадавици
Во народната медицина, смоквите исто така се сметаат за одличен помошник за проблемите со курји очи и брадавици.
Доволно е да ставите половина од свеж плод од смоква на проблематичното место на телото, да го оставите преку ноќ и да се исплакнете со топла вода наутро. Потоа би требало полесно да ги отстраните. Во тешки случаи, повторете ја постапката неколку пати.
Фото: Pixabay