Сите придобивки на квасецот од цвекло

Квасецот од цвекло е најдобрата алтернатива за лекување на хипертензија, атеросклероза, а исто така е одличен и за чистење на црниот дроб.

0
143

Земањето квасец од цвекло го чисти телото од токсини и штетни соединенија, а добар е за проблемите со цревата.

Руската традиционална медицина тврди дека квасецот од цвекло е наводно најдобрата алтернатива за лекување на хипертензија, атеросклероза, а исто така е одличен и за чистење на црниот дроб од токсини.

Состојки:

700 г свежо излупено цвекло

200 г шеќер или мед

100 г грозје

2 лажици брашно или 2 парчиња бајат ’ржан или црн леб

Тегла од 3 литри

Приготвување:

Исечете го излупеното цвекло на коцки или на тенки парчиња и наполнете ја теглата со нив.

Додадете грозје, брашно и шеќер. Наполнете ја теглата со ладна вода (претходно провриена), покријте ја со газа (за да дозволите да циркулира воздухот) и оставете ја на топло шест до седум дена за да започне процесот на ферментација.

Мешајте ја содржината на теглата два пати на ден и ако е потребно, соберете ја пената. По седум дена, процедете ја смесата преку газа, префрлете ја течноста во стаклена тегла и фрлете го остатокот од смесата. Чувајте го квасецот во фрижидер. Земајте три до четири лажици од смесата три пати на ден пред јадење.

Кога ќе го испиете целиот квасец, направете пауза од три месеци. Повторете ја постапката уште еднаш и направете уште една пауза од три месеци. Црниот дроб ќе биде совршено чист по само една година. Може да забележите знаци на блага дијареја, но тоа е нормално затоа што вашето тело се чисти.

Фото: Unsplash