Семките од тиква се ефикасни во борбата со рак, штитат од дијабетес, ја олеснуваат менопаузата,…

Семките од тиква се одличен избор за грицкање бидејќи се богати со омега 3 масни киселини кои на телото му се потребни за одржување на здравјето на срцето и регулирање на крвниот притисок, но имаат и уште многу други здравствени придобивки

0
347

Семките од тиква се користеле во медицински цели илјадници години. Тие се богат извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К. Семките од тиква се одличен избор за грицкање бидејќи се богати со омега 3 масни киселини кои на телото му се потребни за одржување на здравјето на срцето и регулирање на крвниот притисок.

Откријте ги неверојатните здравствени придобивки од семките од тиква и јадете ги наместо нездрави грицки.

Семките од тиква го победуваат ракот

Студија на шпански научници покажала дека семките од тиква содржи соединенија кои успешно се борат против клетките на ракот. Имено, тие се ефикасни во борбата против разни видови на рак и имаат антиинфламаторно дејство.

Студија на германски научници заклучува дека жените кои поминале во менопауза и јадат семки од тиква секој ден имаат 23% помал ризик од развој на рак на дојка. Семките од сончоглед се покажале подеднакво ефикасни.

Семки од тиква за здравјето на простатата

Маслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија). Маслото содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои го намалуваат нивото на слободни радикали во организмот и спречуваат формирање на канцерогени клетки.

Семките од тиква го намалуваат холестеролот

Истражувањата покажаа дека семето од тиква може да го намали нивото на лош холестерол за 13% и нивото на вкупниот холестерол за 10%. Исто така, ќе се намали ризикот од згрутчување на крвта, кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.

Семките од тиква ги ублажуваат симптомите на менопауза

Ако барате природен начин за подобрување на расположението или ублажување на симптомите на менопауза, семето од тиква е одличен избор. Семето ги регулира топлите бранови, главоболките, ја намалува болката во зглобовите и ја намалува фреквенцијата на ненадејни промени во расположението. Научниците докажале дека семето од тиква го зголемува нивото на добар (HDL) холестерол и го регулира нивото на крвниот притисок.

Семки од тиква за слабеење

Тие се богат извор на растителни влакна и протеини, супстанции кои се клучни во слабеењето. Само 30 г семе од тиква има околу 5 г протеини, што ќе ве одржи сити подолго. Сепак, консумирајте ги во умерени количини затоа што една чаша семе содржи околу 285 калории што значи дека семките од тиква влијаат на зголемување на тежината кога се консумираат во прекумерни количини.

Семките од тиква штитат од дијабетес

Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини. Научниците откриле дека тие се ефикасни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и зголемување на чувствителноста на организмот кон инсулин. Бројни експерти им препорачуваат семе од тиква на дијабетичарите како намирница за секојдневно консумирање.

Семките од тиква го подобруваат расположението

Одлични се за физичкото, како и за менталното здравје. Научниците откриле дека семето од тиква покажува одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија. Одлични се за намалување на нивото на стрес и вознемиреност. Едно истражување покажало дека тие ја зголемуваат желбата за секс.

Семките од тиква спречуваат остеопороза

Луѓето на кои им недостасува цинк во нивното тело, треба да размислат да почнат да грицкаат семе од тиква. Тие се одличен извор на цинк, минерал потребен за градење на коските. Само 1/4 чаша семе од тиква содржи дури 17% од препорачаната дневна вредност на цинк.

Семките од тиква го олеснуваат артритисот

Научниците откриле дека семето од тиква има антиинфламаторно дејство кое ги ублажува симптомите на артритис. Ако страдате од артритис, јадете околу 30 г семе од тиква секој ден за да ги ублажите симптомите на артритис.

Фото: Pexels