Седум причини зошто секое утро треба да пиете сок од ѓумбир

Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го забави пропаѓањето на мозочните клетки што е главна причина за Алцхајмерова болест. Исто така, научниците во Австралија откриле и дека ѓумбирот ги редуцира високите количини глукоза во крвта.

0
1027

Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи соединенија кои поседуваат противвоспалително, аналгетско, антиканцерогено дејство. Ѓумбирот во јадењата и во пијалоците го подобрува варењето и помага во лекувањето настинки.

За имунитет – ако сте склони кон настинки и грип, треба редовно да пиете ѓумбир затоа што тој позитивно ќе делува на јакнење на вашиот имунитет. Пиењето сок од ѓумбир го подобрува дејството на антибиотиците и ја подобрува циркулацијата.

За превенција од тумори – доста студии досега потврдиле дека ѓумбирот е добар во „борба“ против туморите, особено оние на јајниците.

За заболените од иритабилно црево – ѓумбирот ги ублажува симптомите на иритабилно црево ако се пие во облик на чај или сок.

Кај Алцхајмеровата болест – истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го забави пропаѓањето на мозочните клетки што е главна причина за Алцхајмерова болест.

За апетит – ѓумбирот може да го поттикне, но и да го намали апетитот. На поттикнувањето на апетитот делува такашто произведува повеќе киселини во желудникот. А како средство за слабеење делува така затоа што „согорува“ маснотии и дава подолго чувство на ситост.

За уморни мускули – после тренинг добро е да се јаде храна во која сте додале ѓумбир. Најдобро делува ако го испиете или го изедете наутро пред било која друга храна или пијалок.

За стабилизација на глукоза во крвта – научниците во Австралија откриле дека ѓумбирот ги редуцира високите количини глукоза во крвта. Важно е да знаете колкаво е вашето ниво на глукоза во крвта зашто тоа влијае на вашата тежина и нивото на енергија.

Фото: Pixabey