Седум намирници што треба да ги јадете за време на пандемијата

Не се секирајте, не е ништо специјално, овие намирници се лесно достапни и евтини

0
389

Здравата исхрана го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на вашето тело да се бори против болести. Одредена храна го зајакнува вашиот имунитет, што е особено корисно во време кога целиот свет се соочува со пандемијата на ковид-19.

Печурки

Печурките се поврзани со зголемување на бројот и јачината на Т-клетките кои го зајакнуваат имунитетот на организмот и се едни од единствените природни извори на витамин Д. Покрај тоа, печурките се богати со цинк, минерал кој е клучен за правилно функционирање на имунитетниот систем.

Лук

Лукот долго време се сметаше за природен лек и намирница што помага и во борбата против грип и настинка. Оваа намирница го зајакнува имунолошкиот систем и исто така содржи компонента наречена алицин, која не е само антибактериска, туку и антиинфламаторна.

Ѓумбир

Антивоспалителните својства на ѓумбирот можат да помогнат во ублажување на горните респираторни симптоми, кои исто така се поврзани со ковид-19. Иако досега немало многу истражување за антивирусните својства на ѓумбирот, знаеме дека тој силно се бори против бактериите. Покрај тоа, ѓумбирот може да помогне во регулирање на високиот крвен притисок, а знаеме дека високиот крвен притисок претставува поголем ризик за инфекција со коронавирус.

Црвени пиперки

Црвените пиперки се богати со витамин Ц кој е антиоксиданс и може да помогне во борбата против болестите. За да ја зголемите количината на витамин Ц во вашето тело, додадете црвени пиперки во вашата исхрана.

Брокула

Брокулата е богата со витамини А, Ц и Е, а сите овие витамини помагаат во зајакнување на имунитетната функција. Покрај тоа, витаминот А може да помогне да се намали ризикот од инфекција со коронавирус затоа што поддржува поздрави внатрешни ткива, вклучувајќи ја и обвивката на респираторниот тракт. Покрај тоа, овој витамин може да ви помогне да изгубите вишок килограми.

Јогурт

Јогуртот е богат со протеини, витамини и елементи во трагови потребни за одржување на оптимален имунолошки одговор. Покрај тоа, јогуртот е одличен извор на пробиотици кои помагаат во поддршката на цревниот микробиом, што само по себе е клучно за поддршка на имунолошката функција. Треба да се напомене дека грчкиот јогурт има повеќе протеини отколку другите јогурти.

Кисела зелка

Киселаta зелка е уште една храна што го зајакнува имунитетот. Како ферментирана храна и таа е одличен извор на добри бактерии за цревата. Покрај тоа, ферментацијата ги подобрува антиоксидантните својства.

Фото: Pixabay