Само 70 грама дневно од овој зеленчук убива хеликобактер, спречува киселина и рак на желудник

Една студија покажа дека само 70 грама од овој зеленчук на ден се доволни за да се намали концентрацијата на Хеликобактер дури за 40 проценти. Потребно е овој режим на исхрана да го спроведувате најмалку два месеци.

0
1105

Хеликобактер пилори е многу подвижен микроб кој лесно се врзува за цревата, а поради неговото дејство доаѓа до оштетување на ткивото во желудникот и цревата на пациентот.

Поради инфекцијата може да дојде до зголемено лачење на желудочна киселина, а последица на гастритисот е често и чир.

Меѓутоа, најопасната прогноза е карцином на желудник – затоа што меѓу оние кои се инфицирани со бактеријата Helicobacter pylori, оваа малигна болест е четири пати почеста.

Затоа е важно да се преземе сé за да се спречи хронична инфекција, односно да се излечи акутната што е можно поскоро.

Лекувањето со антибиотици трае до две недели, а терапијата против чир се зема и подолго од два месеци.
Пациентот не треба да го залажува тоа што симптомите брзо ќе исчезнат, туку терапијата мора да се зема сè додека го бара тоа докторот.

Она што секој може да го направи е да ја воведе брокулата во својата секојдневна исхрана.

Имено, една истражување покажало дека се доволни само 70 гр брокула на ден за да се намали концентрацијата на Хеликобактер пилори за дури 40 проценти!

Потребно е овој режим на исхрана да го спроведувате барем два месеци.

Фото: Pexels