Салата со блитва и компири

Кога не ви се готви, а ви се јаде, вистински избор, се разбира, е салата

0
252

Сварете ги компирите, а блитвата само малку попарете ја или обарете ја на пареа.

Компири ставете во зависност од тоа колку луѓе ќе јадете.

Кога ќе ги сварите во солена вода, исечете ги на помали парченца, додадете лукче, сечкана блитва и зачинете со маслиново масло, сол, црн пипер и сок од лимон.

Имате вкусен и здрав ручек, нели?

Блитвата има многу малку калории, а има повеќе здравствени придобивки.

Содржи железо, ја јакне крвта, ги прочистува крвните садови. Го намалува нивото на мастите во крвта, го јакне имунитетниот систем, помага при нервоза и недостиг на концентрација, богата е со сложени јаглехидрати, и е добар извор на гликоза која е неопходна за работата на мозокот, помага при варењето на храната, ги зајакнува коските, го чисти телото од штетните отрови, богата е со бета – каротен (провитамин А), кој доколку се внесе во организмот се смета дека му ја враќа изгубената енергија и со тоа го подобрува расположението.

Затоа, уживајте во вашиот ручек.