Салата од цвекло, морков и јаболка

Оваа волшебна комбинација го елиминира заморот и го зајакнува имунитетот. Сега е вистинско време за оваа витаминска бомба која ќе ви помогне во борбата со вирусите.

0
536

Оваа количина направете ја доколку сакате да ја земате салатата како лек. Во спротив, ако сакате само салата за ручек, правете си ја секогаш свежа и зачинете ја со сол и со црн пипер по вкус.

Состојки:

4 цвекла

4 моркови

3 јаболка

1 целер

сок од 2 лимони

6 лажици мед

Приготвување:

Излупете ги цвеклата, јаболката и целерот, изрендајте ги морковите и измијте ги лимоните.

Додадете сок од два лимони и мед и добро измешајте. После тоа ставете ја смесата во тегли и чувајте ја во фрижидер.

Од оваа количина се добиваат околу 2 тегли кои содржат витамини кои го елиминираат заморот, го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат имунитетот, ја поправаат крвната слика и го зајакнуваат организмот.

Земајте секој ден три пати на ден, половина час пред јадење, по една лажица од оваа смеса.

Ако ја сакате само како салата, јадете ја свежо приготвена и зачинета со сол,  црн пипер и додадете свеж ѓумбир, а наместо мед, ставете маслиново масло.

Фото: Pexels