Сакате уште една идеја за здрав помфрит?

Пробајте да ја направите оваа највкусна, најздрава и во моментов, најактуелна - сезонска варијанта, без масло, со само 2 едноставни состојки - тиква и морска сол!

0
1318

Многу рецепти со тиква сугерираат да ја излупите тиквата. Сигурно можете да го направите ова, но не е 100% потребно. Откако ќе се испече тиквата, кората станува прилично мека и може да се јаде. Но ако баш сакате, можете да ја излупите.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ја и исечете ја тиквата во форма на помфрит и на отприлика еднакви парчиња за кои ќе им треба еднакво време за да се испечат.

Ставете ги парченцата во тепсија испрскана со спреј за готвење или наредени врз хартија за печење. Поросете ги со морска сол и печете околу 40 минути, превртувајќи ги барем еднаш. Послужете ги со некој сос, на пример, со сос од домати, песто или сенф со мед.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.