Состојки:
1 пакет (450 г кекси)
1 кг јаболки (слободно ставете и повеќе, ќе биде уште повкусно)
600 мл вода
максимум 5 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
2 пудинга од ванила
1 лажица густин (ако имате повеќе од килограм јаболки)
шлаг за горе, по желба
Приготвување:
Излупете ги и изрендајте ги јаболката и заедно со шеќерот и 500 мл вода ставете ги во тенџере, вклучете ја ринглата и варете ги околу 10-15 минути. Во 100 мл вода измешајте ги двата прашоци за пудинг (ако ставивте повеќе од 1 кг јаболки, додадете и 1 лажица густин). Промешајте уште 3 минути и тргнете го филот настрана.
Наредете во некој сад еден ред кекси, па ставете од филот. Наредете уште еден ред кекси и ставете го цел преостанат фил. На крајот наредете и трет ред кекси и ставете ја тортата во фрижидер.
Најубава е кога ќе отстои преку ноќ. Пред сервирање ако сакате премачкајте ја со шлаг.