Кога сте сите дома, а секој мора да јаде сам, тогаш една од варијантите е и оваа. Ручекот го поставуваат оние кои се се уште на нога, и тоа – во ходник.
Бидејќи станува збор за роденденски ручек (семејството се собра на ЗУМ), ручекот е полуздрава, полунездрава комбинација. На пример, има свежа туна, ама испржена на грил тава. А компирите се во две варијанти, помфрит и варени, па кој како сака.
Зелена салата зачинета со маслиново масло и блендирани солени лимони.
Виното е за готвачот, кој ги почитува препораките и се чувствува здраво. За другите има пробиотски јогурт и свежо цеден сок од портокал.
Не е лошо како за ковид центар, нели?