Руски лекар порачува: Квасецот убива полека, но сигурно!

Докторот по медицински науки, лекар и тревар, Виктор Хрушчов, тврди дека современиот леб е причинител за многу болести. Лебот доведува до различни видови интоксикација, габични заболувања, нарушен имунитет што може да води до многу хронични болести и туморни процеси. Спасот е во квасецот што можеме да го направиме сами.

0
2235

Лекарот натуропат и автор на книгата за подмладување со соодветна исхрана, смета дека еден од најголемите проблеми на денешницата е лебот. Сите знаеме дека тој не е ист „како некогаш“ и дека пченицата во меѓувреме е преработена и во неа има повеќе глутен. Но, тоа не е единствениот проблем.

„Го исклучив од својата исхрана (и од исхраната на своите пациенти) современиот леб. Ако јадеме леб со квасец, квасецот стигнува во нашата крв, почнува да се размножува, ги консумира нашите витамини, микроелементи, белковини. Истовремено тој ги лачи продуктите од неговото живеење – токсините. Со други зборови, квасецот паразитира во нашиот организам. И затоа модерниот леб се смета за најлош изум на човештвото“.

Квасецот при печењето влегува во „капсули“ од глутен, но во цревата се ослободува, ја оштетува слузокожата и ја нарушува нормалната микрофлора на цревата. Тој не паразитира само во цревата, туку живее и во крвната плазма и слободно се размножува. Ова може да резултира со различни видови интоксикации, габични заболувања, нарушување на имунитетот, што може да води до многу хронични заболувања итуморни процеси. Дури и ако престанеме да јадеме модерен леб со квасец – дури после 5 години нема да има повеќе клетки од квасец во крвната плазма.

Зошто (денешниот) квасец е толку штетен?

До 40-тите години од 20-от век бил употребуван квасец од друг вид. Тој не ги убивал корисните бактерии кои живеат во дебелото црвено, но тестото морало да стои 24 часа што не им одговарало на пекарите. За да го забрзаат производниот процес, тие почнале да користат квасец од друг вид, кој се нарекувал термофилен со чија помош тестото расте за само еден час. Денешниот термофилен квасец што го употребуваат во пекарската подготовка е антагонист на симбиотичката микрофлора во човечкото тело. Тоа значи дека неговото дејствување во дебелото црево ги убива микробите што вообичаено произведуваат витамини, есенцијални аминокиселини и корисни биолошки активни супстанци коишто му се потребни на човечкото тело за нормално функционирање.

Постојат околу 500 видови квасни габички, а меѓу нив најопасни за човекот се околу 30. Последните години од габични инфекции боледуваат речиси сите, притоа тие не се лекуваат со фармацевтски лекови. Според различни процени, распространетоста на микоза опфаќа 80% од возрасното население и 95% од децата. Во последните неколку години дошол тренд на зголемување на присутноста на габични инфекции не само кај возрасните туку и кај децата. Што треба да се направи? Решението е едноставно: да се подготви домашен квасец. Постојат повеќе рецепти, а ние ќе ви го презентираме тој што го препорачуваат руските лекари.

Рецепт за подготовка на домашен квасец

Прелијте ‘ржано брашно со топла вода (околу 40 степени Целзиусови), до степен на густина како јогурт и оставете го на топло место (најдобро во тегла). После 24 часа додајте брашно и вода и оставете го на топло место. Третиот ден ќе се појават меурчиња што значи дека „квасецот“ е подготвен. Ако не сакате во истиот момент да започнете со месење леб, покриете ја теглата со газа и ставете ја во фрижидер. Еднаш неделно тргајте го горниот слој и „нахранете“ го квасецот со брашно и вода. Третина од теглата е доволна за два пекачи на леб.

Како да замесите леб?

Ставете го квасецот во подлабок сад, додадете брашно (интегрално, ‘ржано или друго) и топла вода, измешајте добро и оставете на топло место да се крене. Сè може да се вметне – сол, растителни масла, зачини, итн.

После неколку часа, замесете го тестото додека не престане да се лепи на рацете и оставете го на топло 2-4 часа. Пред да го ставите во рерната, поросете одозгора малку вода или масло за да ја направите кората помека. Печете 35-40 минути во на 250 степени.

Велат дека овој леб е добар да се јаде дури и по неколку дена. И, што е најважно – здрав е.

Фото: Pexels