Рузмаринот се користи како лек за многу болести со векови, а поновите истражувања покажале дека содржи карнозин, аминокиселина која се бори против токсичните елементи кои влијаат на мозокот, како и на сите други мускули во телото.
Рузмаринот е познат уште од дамнешно време, а се споменува како лек за мозокот и во Хамлет кога Офелија изјавува: „Еве рузмарин, тој е за молитва, љубов и сеќавање“.
Во современата медицина, се користи како аналгетик за мигрена, како и за дигестивни проблеми.
Рузмаринот содржи природни состојки кои му обезбедуваат протеин на нашиот мозок, што позитивно влијае на неговата функција, па мозокот размислува побрзо и побрзо донесува одлуки.
Студиите покажуваат дека рузмаринот исто така ги обновува оштетените ДНК клетки.
Истражување спроведено на рузмарин, кадешто луѓето вдишувале есенцијално масло од рузмарин, покажало дека резултатите се исклучителни, првата група на луѓе имала 60 до 75% поголема шанса да запомнат работи за разлика од групата што не вдишувала есенцијално масло од рузмарин.
Истражувањата покажале постоење на хемиски соединенија одговорни за нашата меморија. Главниот елемент што ја зголемува нашата меморија е кинеолот.
Ова истражување покажува дека луѓето кои користеле рузмарин, во одредени дневни задачи имаат подобри резултати.
Рузмарин е ефикасен во борбата против промените на расположението, стресот, меморијата и ја подобрува брзината на размислување. Колку повеќе кинеол се апсорбира, толку повеќе позитивни резултати ќе постигнете.
Други намени на рузмаринот:
Рузмаринот може да се користи и како средство за подобра циркулација и зголемување на нискиот крвен притисок. Можеби е помалку познато, но не помалку важно, дека рузмаринот им помага на анемични деца, го подобрува апетитот, има корисен ефект врз желудникот, го зајакнува исцрпениот организам, го подобрува расположението, ја смирува нервозата, напнатоста и ја отстранува вознемиреноста.
Поради споменатиот позитивен ефект врз циркулацијата, ова растение исто така ја ублажува болката во менструацијата (дисменореа) и може да помогне при отсуство на менструација (аменореа).
Ако чајот од рузмарин се пие навечер, тоа ќе ја намали потребата од сон. Чајот од рузмарин (како и облозите од рузмарин) ги ублажува главоболките, особено оние предизвикани од прекумерен ментален стрес. Популарно е познато дека чајот или виното од рузмарин ги шират крвните садови и со тоа ја поттикнуваат циркулацијата кај мажите.
Ако не сте расположени, ако се будите наутро поуморни отколку што сте легнале, ако во текот на денот сте слаби и поспани, а имате низок крвен притисок, добро ќе ви дојде вино од рузмарин.
Како да направите вино од рузмарин
Измешајте 1 рака листови од рузмарин во 1 литар квалитетно вино (најдобро домашно црвено).
Чувајте ја смесата во стаклено шише 7 дена и добро протресувајте ја 2-3 пати на ден.
Осмиот ден процедете и пијте по една ракиена чашка наутро, пред појадок и една попладне, пред ручек.
Фото: Pixabay