Ролни за појадок

Многу едноставни и вкусни. Можете да ги наполните навечер, да ги потпечете малку во рерна, а изутрина само да ги допечете на тостер. Така барем ние правиме, но не стасавме да ги фотографираме...бевме многу гладни

0
201

Имате неколку кори, остатоци од неколку сирења кои никако да се дојадат и две-три јајца?

Имате се што ви треба да си ги направите овие вкусни ролни за појадок.

Направете го филот со сирење или урда и изматени јајца, ставете од него во парче, односно, во третина кора, завиткајте и наредете ги сите во тепсија за печење и потпечете ги во рерна сосема, ако ги јадете веднаш или до пола, ако ги планирате за подоцна. Во вториот случај можете потоа да ги допечете на тостер и да ги јадете топли и крцкави.

Идејата за овој рецепт е на нашиот читател Стефан Русевски.