Состојки:
200 г киноа
200 г карфиол
200 г брокула
200 г моркови
1 кромид
1 кромид
зачини, сол и црн пипер
Приготвување:
Варете ја киноата во вода околу 15 минути. Карфиолот и брокулата згответе ги на пареа.
Во тава со масло пропржете ги кромидот и морковот и додадете ги карфиолот и брокулата. Динстајте се заедно 10 минути и додадете ги киноата, зачините, сол и црн пипер. По желба додадете и домати, иако во овој период тие се уште не се вкусни како во летниот период.
Песто со киноа
Состојки:
200 г рукола
1 китка свеж магдонос
100 мл маслиново масло
100 г семки од тиква
200 г сварена киноа.
Приготвување:
Во блендер, измешајте ги руколата и магдоносот, додадете ги маслото и семките од тиква и сол по вкус и измешајте сè додека не добиете компактна смеса.
Додадете ја киноата во пестото и уживајте во необичниот вкус.
Фото: Pexels