Пченкарник, проја или едноставна, жолта како сонце, замена за леб

Ако наместо меки како памук, какви што се обично сите оние вкусни нешта од бело брашно, повеќе сакате малку поздрава варијанта, ставете само една шолја бело, на три шолји пченкарно брашно

0
751

Рецептот за пројата не мора да е секогаш ист. Напротив, ние постојано менуваме, еднаш го правиме со брашно од хељда, овесно и пченкарно брашно, еднаш со бело, а овојпат, со три шолји пченкарно и само една шолја бело брашно.

Иако пченкарното брашно дава малку гуменесто тесто, нам ни е ова омилена варијанта. Особено заради убавата жолта боја.

Останатите состојки, освен 3 шолји пченкарно и 1 шолја бело брашно, се:

4 јајца

1 прашок за пециво

пола шолја маслиново масло

една шолја јогурт

една шолја кисела вода

сирење по вкус

семки за поросување (црн и бел сусам, сончогледови и семки од тиква)

Приготвување:

Измешајте ги двата вида брашно и додадете прашок за пециво.

Изматете ги јајцата, па додадете ги течните состојки. Потоа постепено додавајте го брашното и на крајот сирењето.

Истурете ја смесата во тава со хартија за печење и поросете ги семките. Печете околу 30-40 минути во зависност од рерната.