Пушачи, исчистете ги белите дробови, грицкајте свеж ѓумбир и пијте чај од ѓумбир, коприва, борови иглички

За прочистување на белите дробови се препорачуваат чај од ѓумбир, парченце свеж ѓумбир, чај од коприва и борови иглички, лук, кромид, мед, сок од брусница, свеж морков и слична храна богата со антиоксиданси, а особено портокали, бидејќи, меѓу другото, тие имаат превентивно дејство против рак на белите дробови.

0
528

Белите дробови се едни од најважните органи во телото, па затоа треба да водиме сметка за нив и да ги одржуваме во добра кондиција. Чистењето на белите дробови е еден од начините да се постигне тоа. Планинскиот и морскиот воздух се добро решение, но тоа, особено периодов, е малку потешко изводливо. Сепак, мајката природа, како и обично, несебично ни нуди повеќе можности, па еве некои поприродни начини на кои можеме да ги исчистиме и подмладиме белите дробови и целиот респираторен систем.

1. Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е одлично средство за чистење на белите дробови од разни токсични материи, затоа дефинитивно се препорачува како прва варијанта. Сувиот ѓумбир во прав е доста погоден за правење чај. Секако, може да се користи и свеж ѓумбир, а исто така се препорачува и да се јаде парче свеж ѓумбир со чајот или како дел од оброк.

2. Чај од коприва

Општо е познато дека копривата е ефикасен природен лек за чистење на крвта и добар извор на железо, но можеби е помалку познато дека чајот од коприва ги чисти и белите дробови. Затоа е добар избор за пушачи на кои им е потребен повеќекратен чистач на организмот.

3. Чај од борови иглички

Пиењето на овој чај го стимулира лачењето на слузта акумулирано во белите дробови и синусите, а корисен е и за инхалација. Значи, пред да почнете да го  пиете чајот, додека е сè уште врел, треба да ја вдишите пареата што ја испушта, бидејќи тоа го забрзува разложувањето на слузта во белите дробови што треба да се исфрли.

4. Инхалација со есенцијални масла

Инхалацијата е уште еден начин за чистење на белите дробови и дишните патишта воопшто. За таа цел, на прво место се есенцијалните масла од еукалиптус и чемпрес. Ставете неколку капки масло во водата веднаш штом ќе зоврие и потоа вдишете додека излегува пареа. Треба само да се знае дека овој метод во никој случај не е добар за астматичарите.

5. Вежби за дишење – Пранајама

Уметноста на длабоко контролирано дишење (дишење на јога – Пранајама) е одличен начин за чистење и подмладување на белите дробови. Континуираното и дисциплинирано вежбање го зголемува капацитетот на белите дробови и го зајакнува ткивото на белите дробови.
Околу 30 минути вежбање на ден може значително да ја зголеми количината на кислород кој преку белите дробови оди во крвотокот.

6. За чистење на белите дробови во исхраната се препорачуваат:

Лук, кромид, мед, сок од брусница, свеж морков и слична храна богата со антиоксиданси. Врз основа на резултатите од некои научни студии, посебен акцент се става на портокалите, бидејќи, меѓу другото, тие имаат превентивно дејство против рак на белите дробови.

7. Што да избегнувате:

Млекото, млечните производи и масната храна го зголемуваат производството на слуз во белите дробови и ги блокираат дишните патишта, па затоа треба да се избегнуваат за време на терапијата за чистење на белите дробови. Не треба да претерувате ниту со слатки.

Фото: Pixabey