Пудинг од тиква

Ах таа волшебна тиква, ја бидува за сѐ, и за солени и за слатки варијанти, а кога ќе ви остане вишок од филот, или немате повеќе место во тепсијата за печење, изрендајте ја и направете пудинг.

0
390

Нашата читателка Јана Русевска ни го испрати овој рецепт кој таа си го смислила сама. правела пита со тиква па бидејќи ѝ останал доста тиква, решила со неа да направи пудинг.

Имала отприлика 4-5 раце изрендана тиква, ѝ додала ванилин шеќер (доколку тиквата не е доволно блага, додадете уште шеќер по вкус) и лажица цимет. Ја сварила тиквата во литар вода. Кога тиквата се сварила, ја ставила во блендер за да нема парчиња, а потоа ја вратила во тенџерето во кое се варела и додала разматен прашок од 2 кесички пудинг и 2 лажици млеко во прав од соја и ги варела уште 2-3 минути заедно, додека да испари водата, а потоа го претурила пудингот во наводенети стаклени садови за пудинг и го оставила да се олади.
Вели дека овој пудинг ја фрлил во сенка питата која требало да биде хит на вечерта.

Не се сомневаме во тоа, а вие?