Доволно е да ги испечете изматените јајца, да ги комбинирате со мала количина зготвен или грав од конзерва, сирење и зеленчук и сето тоа спакувано во тортилја. Овој брз појадок можете да го јадете дома, или да го завиткате во фолија и да го земете со вас на работа.
Состојки за бурито за 1 лице:
1 голема тортилја
2 јајца
75 грама конзервиранаграв
50 г рендано сирење или кашкавал по желба
2 лажици кечап
сол и црн пипер по желба
Приготвување:
Загрејте ја тортилјата во тава.
Испечете ги јајцата и префрлете ги во тортилјата.
Измешајте го гравот со кечапот и додадете ги кај јајцата. Додадете рендано сирење или кашкавал.
Можете да додадете и рендана зелка, домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук по желба.
Завиткајте ја тортилјата со сите состојки во бурито.
Фото: Pexels