Со додавање на оцет балсамико и брусница, прокељот ќе стане вашето ново омилено гарнирче. Одлични се за оние кои внимаваат на исхраната или сакаат да ослабнат неколку килограми, полни се со антиоксиданси и лесно се вклопуваат во речиси секое мени.
Состојки:
800 гр прокељ
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет балсамико
½ лажичка сол
50 г суви брусници
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги главичките прокељ и исечете ги на половина. Попрскајте ги со маслиново масло, оцет и сол. Промешајте и префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 – 20 минути. Додадете ги брусниците, промешајте и печете уште неколку минути.
Фото: Pexels