Прокељ во млеко

Иако се здрави, овие мали зелчиња не им годат на сите, па така, некои луѓе може да завршат со киселини откако ќе ја изедат својата порција прокељ. Но, и за тоа има лек

0
201

Многумина сакаат прокељ, но многумина и не сакаат. Овие вториве едвај чекаат изговор за да не го јадат доколку некој настојува да го прават тоа поради неговите здравствени придобивки.

Факт е дека овој зеленчук е неверојатно здрав. Полн е со витамини, минерали и со растителни влакна. Помага во варењето на храната, може да ги намали акните и да ги подобри функциите на мозокот. Накусо: има доволно причини да почнат да го јадат и оние кои досега го избегнувале.

Меѓутоа, иако овој зеленчук е супер вкусен, здрав и хранлив, некои луѓе се соочуваат со проблеми при консумирањето на овие мали зелчиња. За жал, некои луѓе може да завршат со киселини откако ќе ја изедат својата порција прокељ. Но, за среќа, и за тоа има лек? Како? Со готвење во млеко.

Не само што вашиот прокељ ќе има покремав вкус поради млекото, туку ќе имате помала шанса да добиете киселини. Додадете му на прокељот млеко, па потпечете го во рерна. Ако додадете и јајца и кашкавал, ќе добиете апсолутно вкусен оброк.

Фото: Pixabay