Грипот е обично придружен со покачена температура, како природен одбранбен механизам на организмот од вирусната состојба.
Постојат различни природни алтернативи за ублажување на оваа непријатна состојба, но главниот борец во овој случај е портокалот.
Не само како цеден сок, туку ова овошје е исто така многу ефикасно во форма на чај.
Подгответе го на следниов начин:
Измијте го целиот портокал добро (најдобро е да отстои неколку часа во вода со сода бикарбона), а потоа ситно исечкајте го заедно со кората. Ставете го во врела вода и оставете го да отстои некое време.
Чајот можете да го заблажите со мед.
Фото: Unsplash